Check out the Latest Articles:

Да, би сакала

песна да напишам

за тебе,

да, сакам да напишам

песна за тебе.

Но, зборовите ми се

распрчкани насекаде

ги барам

не можам да ги наредам.

Те молам, помогни ми

нареди барем една строфа,

но, попусто

ти не се снаоѓаш

најдобро со зборови.

Го пишувам насловот

З О Ш Т О

Те сакам само кога

си далеку од мене.

Не можам ниту песна

да напишам за тебе.

Од сега си ветувам

дека повеќе за тебе не пишувам.

Секое зошто е без прашалник.

( Продолжува од Расказ бр. 10 )

– Се гледа дека му се допаѓаш – повторно се насмевна момчето.

– И тој мене ми се допаѓа – рече Јана и во истиот момент ја возврати насмевката – лабрадорите ми се омилена раса кучиња, посебно овие кафеавите.

– Велат дека сопствениците на кучиња си личат со своите миленичиња.

– Па, да сум прочитала и јас за ова и мислам дека е вистина.

– Значи јас и Раф си личиме според тебе.

– Да – потврди Јана – и двајцата се смеете.

– Раф е куче, кучињата не се смеат.

– Знам дека кучињата не се смеат, но мене ми изгледа така како да се смее, сигурно е поради неговиот сјај во очите или неговата физиономија, а истото се однесува и за тебе и кога не се смееш ти си ведар – го фати за главата Рaф – погледни го овој сјај во неговите очи, колку е само задоволен и весел?

– Благодарам, и ти си ведра личност со сјај во очите, а Раф го избрав затоа што и јас мислам исто како тебе – срамежливо рече Филип.

– Благодарам – рече Јана.

Но, Раф стануваше се повеќе и повеќе немирен, му годеше галењето од Јана, но исто така сакаше да се движи, па мрдаше де на едната, де на другата страна. Филип го забележа ваквото однесување на Раф и сакаше да го смири, но никако не успеа во тоа, па иако не сакаше да се одели од Јана сепак конечно рече:

– Ние сепак ќе мора да се движиме, Раф не може на едно место, премногу е темпераментен, па би сакала ли – длабоко воздивна – да дојдеш и ти со нас, доколку сакаш да го продолжиме разговорот – се насмевна очекувајќи одговорот да биде потврден.

– Ќе дојдам – рече Јана – но, очекувам во секој момент да ме викнат, јас веќе сум договорена.

– Со дечкото – ја прекина Филип.

– Не, со другарка ми – рече Јана и во истиот момент доби порака на телефонот.

– Еве, пораката е од неа, се извинувам, но мора да одам.

– Добро – длабоко воздивна Филип.

– Чао – кратко рече Јана, се сврте и замина.

– Чао – рече Филип, а за себе тивко – се надевам дека повторно ќе те видам.

( Продолжува )

Прекрасната музика на Васил Хаџиманов, надополнета со едно од најубавите видеа за Охрид. Погледнете

//

Share|

Еве линкови од досегашните десет раскази: Расказ бр. 1, Расказ бр. 2, Расказ бр. 3, Расказ бр. 4, Расказ бр. 5, Расказ бр. 6, Расказ бр. 7, Расказ бр. 8, Расказ бр. 9, Расказ бр. 10.

//

Share|

( Продолжува од Расказ бр. 9 )
Таа [...]

Да го знаев ова што го знам сега
никогаш не ќе погледнев
во тој правец,
во тебе.
Колку пати сакав да ти кажам,
но секогаш пред тебе
мојата душа викаше,
а од устава глас немаше.
Сега сфатив дека некогаш
едноставно некогаш
молкот е правилниот избор.

//

Share|